ВИРУСИ
ЦАРСТВО НА БАКТЕРИИ
Денес учевме за вируси и царство на бактерии. Вирусите не спаѓаат во ниедно царство. Најчесто за нив се тврди дека се на границата помеѓу живото и неживото. Вирусите се поситни од бактериите и видливи се само со помош на специјален електронски микроскоп. Најголем број вируси предизвикуваат заболувања. Вирусите не се изградени од клетка. Тие се многу едноставно градени. Содржат една низа од гени што е обвиткана со белковинска обвивка. Тие покажуваат знаци на живот само кога се во живата клетка. За вирусите нема ефикасни лекови туку заболениот прима лек за одредена болка.
Бактериите се најстари и најситни едноклеточни организми кои се населиле на нашата планета. Тие немаат вистинско јадро туку гени во вид на ѓердан, сместен во еден дел од цитоплазмата.
Бактериите имаат различни форми. Тие можат да бидат:
![]() |
| Вирус |
![]() |
| Бактерии |
- Стапчеста со трепки
- Стапчести
- Спирални
- Топчести во низа
Главно се размножуваат бесполово, со проста делба во која бактериската клетка се дели на две нови. Тие клетки се меѓусебно еднакви. Бактериите се исхрануваат различно. Едни вршат фотосинтеза и се произведувачи, а други пак со готова храна како разградувачи (со габите наречени чистачи) . Млечните бактерии се корисни, а повеќето од нив се штетни за нашето тело.


No comments:
Post a Comment