Thursday, December 3, 2015

ЦАРСТВО НА ПРАЖИВОТНИ И АЛГИ (ПРОТИСТИ)


Алги
Алгите содржат хлорофил и вршат фотосинтеза и според ова личат на растенијата. Тие се многу разновидни и можат да се сретнат микроскопски ситни едноклеточни  и  крупни повеќеклеточни форми. Повеќеклеточните алги можат да бидат кончести и разгранети. Според нивната боја се делат на зелени, златно-жолти, црвени и кафеави. Живеат на огромни површини на морињата, езерата, барите и влажната почва. Некои од алгите како морската салата луѓето ја користат во исхраната, а други за козметиката, прехранбени продукти (на пример во сирење за мачкање, за мајонез, во чоколадно млеко).






ЦАРСТВО НА ПРАЖИВОТНИ И АЛГИ (ПРОТИСТИ)


Праживотни
Денес учевме за праживотни и алги (протисти). Праживотните се движат и лесно се гледаат во капка барска вода. Тие имаат различни органели како јадро, вакуола за варење, вакуола за излачување и други. Некои содржат хлоропласти и вршат фотосинтеза (произведувачи), а други се исхрануваат со бактерии или помали праживотни. Тука спаѓаат:

  1.Амеба



              2.Парамециум (чевличе)



          3.Еуглена (камшичар)







Wednesday, November 25, 2015

ВИРУСИ
ЦАРСТВО НА БАКТЕРИИ


  Денес учевме за вируси и царство на бактерии. Вирусите не спаѓаат во ниедно царство. Најчесто за нив се тврди дека се на границата помеѓу живото и неживото.  Вирусите се поситни од бактериите и видливи се само со помош на специјален електронски микроскоп. Најголем број вируси предизвикуваат заболувања. Вирусите не се изградени од клетка. Тие се многу едноставно градени. Содржат една низа од гени што е обвиткана со белковинска обвивка. Тие покажуваат знаци на живот само кога се во живата клетка. За вирусите нема ефикасни лекови туку заболениот прима лек за одредена болка.
Вирус
Бактериите се најстари и најситни едноклеточни организми кои се населиле на нашата планета.  Тие немаат вистинско јадро туку гени во вид на ѓердан, сместен во еден дел од цитоплазмата.
Бактерии
Бактериите имаат различни форми. Тие можат да бидат:
  1. Стапчеста  со трепки
  2. Стапчести
  3. Спирални
  4. Топчести во низа
Главно се размножуваат бесполово, со проста делба во која бактериската клетка се дели на две нови. Тие клетки се меѓусебно еднакви. Бактериите се исхрануваат различно. Едни вршат фотосинтеза и се произведувачи, а други пак со готова храна како разградувачи (со габите наречени чистачи) . Млечните бактерии се корисни, а повеќето од нив се штетни за нашето тело.

Tuesday, November 24, 2015

КЛАСИФИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗМИТЕ


 Денес учевме за класификацијата на организмите на 5 царства. Таа класификација ја направил шведскиот ботаничар Карл Лине во 18-от век. Оваа класификација се користи и денес и претставува систем за именување на организмите со две имиња на латински јазик. Првото име е на родот, а второто на видот. Петте царства се:
  1. царство на бактерии (монери)
  2. царство на праживотни и алги (протисти)
  3. царство на габи
  4. царство на растенија
  5. царство на животни
Оваа класификација е направена поради големата разновидност на организми на Земјата. Јас мислам дека оваа лекција е доста интересна.