ЦАРСТВО НА ПРАЖИВОТНИ И АЛГИ (ПРОТИСТИ)
Алги
Алгите содржат хлорофил и вршат фотосинтеза и според ова личат на растенијата. Тие се многу разновидни и можат да се сретнат микроскопски ситни едноклеточни и крупни повеќеклеточни форми. Повеќеклеточните алги можат да бидат кончести и разгранети. Според нивната боја се делат на зелени, златно-жолти, црвени и кафеави. Живеат на огромни површини на морињата, езерата, барите и влажната почва. Некои од алгите како морската салата луѓето ја користат во исхраната, а други за козметиката, прехранбени продукти (на пример во сирење за мачкање, за мајонез, во чоколадно млеко).








